Жител на струшко Мороишта загина во сообраќајка кај охридскиот аеродром

Триесет и седумгодишниот Благоја Р. од струшкото село Мороишта го загуби животот во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Струга во близина на охридскиот аеродром.
Според полицијата, несреќата се случила околу 21:15 часот во близина на бензинската пумпа „Бесјани“, а до несреќата дошло кога Благоја управувајќи го патничкото возило „Киа“ со струшки таблички во правец од Струга кон Подмољје, изгубил контрола врз автомобилот и со предниот дел удрил во метална канделабра и ограда со бетонски столбови. Од силината на ударот, возилото се превртело на покривот и излетало надвор од патот.
Во тешка состојба повредениот бил префрлен во Општата болница во Охрид, каде подоцна им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител на местото на сообраќајната незгода е извршен увид од страна на полицијата, а сообраќајот за време на увидот е со наизменично регулирање на сообраќајот.
Врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција, како и дополнително вештачење врз патничкиот автомобил.
Ново на Сител
-

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку
-

Уште еден пријавен случај на силување на малолетничка, овој пат во Скопје
-

Власта денеска ќе поднесе своја иницијатива за Анкетна комисија за сите досегашни несреќи
-

Ученичка нападната во тетовско основно училиште
-

Пронајдена дрога кај осуденик од Идризово кој се вратил од викенд отсуство
-

Гаши им ја врати Анкетнатa за Кочани на СДСМ и Левица
-

Едногодишно бебе почина во кичевската болница
-

Ужас во Охрид: 16-годишник силувал 12-годишно девојче додека друг малолетник го снимал
