Жител на село Новак превезувал патници без соодветна документација
Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај- Дебар, продолжуваат со акциските контроли во сообраќајот со цел зголемување на степенот на сообраќајната безбедност.
Во тие рамки, според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи, вчера е констатирано дека едно лице вршело превоз на патници без соодветна документација а шест возачи извршиле престигнување на места каде е тоа забрането.
-При контрола на ул. „8 Септември“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(44) од селото Новак, општина Центар Жупа. Притоа било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници на релацијата Дебар – село Новак, без соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, информираше Димоски.
Според него, по целосно документирање, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.
-При извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Дебар Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи, санкционирале шест возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането, додава тој.
Посочува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на безбедносната култура кај возачите за целосно придржување до поставената патна сигнализација.
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план