-->
-->
Жиру: Повредата на Мбапе остави белег во победата над Австрија
-->
Францускиот напаѓач Оливие Жиру се осврна на повредата на Килијан Мбапе на натпреварот со Австрија (1:0) на Евро 2024 година.
– Повредата на Мбапе остава белег по победата. Секако, малку сме вознемирени поради неговата повреда. Отиде на лекарски преглед. Немам што да додадам повеќе за неговата повреда. Се надевам дека ќе се врати што е можно побрзо, изјави Жиру по натпреварот.
Мбапе во 86. минута од натпреварот се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо, по што заврши на тревникот. Првично се претпоставуваше дека ќе му треба операција, но по прегледот во болницата во Дизелдорф беше одлучено да се лекува без операција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има
-
МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија
-
Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон
-
Распишан тендер за нова компресорска станица – хируршките сали на Клинички нормално ќе профункционираат во декември
-
Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот