-->
-->
Жестоки борби меѓу милитантни групи и ИД во западна Либија
-->
Претставник на една либиски милитантна група соопшти дека во западниот град Мисрата, милитантите се борат против борци на Исламската држава (ИД) и дека презеле неколку стратешки позиции, кои краток период беа под контрола на ИД.
Мохамед Шамаи изјави дека милитантите од Мисрата ја презеле контролата врз три населени места јужно од градот, вклучувајќи ја и областа Абу Граин.
Тој додаде дека воение авиони извршиле напад врз силите на ИД, додека тие се повлекувале од позициите.
Во нападите се убиени шест припадници на милитантните групи, а 17 се ранети.
Продолжуваат судирите на околу 50 километри од Сирт, кох важи за упориште на ИД во Либија.
Борбите се водат две седмици, откако ИД ги презеде трите населби со неочекувани напади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето