Жесток руски напад врз Миколајев, еден загинат и многу ранети цивили
Бројот на повредени во најновиот руски напад врз украиснкиот град Миколаев се зголеми на 23, меѓу кои и едно дете, а едно лице загина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на кое се гледа штетата предизвикана од рускиот напад врз Миколаев, во текот на изминатата ноќ.
Зеленски напиша дека Русија не престанува да докажува дека главната цел на војната е теророт и уништувањето на Украинците и се што е украинско, јави Гардијан.
Во текот на ноќта Русија го гранатираше Миколаев со четири проектили истрелани од Црното Море, а оружјето со висока прецизност беше насочено кон приватни куќи, историска зграда и повеќекатница.
Претхдоно, шефот на јужниот украински регион Миколаев, Виталиј Ким, на каналот Телеграм напиша дека во рускиот ракетен напад врз Миколаев, загинало едно лице, а 15 се повредени.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер