Жерновски се откажува од Центар, СДСМ ќе го поддржи Богдановиќ
Саша Богдановиќ, директор на паркинизи центар најверојатно е изборот на СДСМ за општина Центар. Откако Премиерот Зоран Заев, синиоќа обелодени дека со актуелниот градоначалник Андреј Жерновски одлучиле тој да се повлече од кандидатската трка, денеска и Жерновски потврди дека заминува од Центар во централната власт. Истовремено пак преминува и во Социјалдемокрасткиот сојуз како активен партиски член.
Секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка која ни претстои. Во договор со премиерот Заев, одлучив да ја продолжам кариерата на висока раководна позиција во централната власт и да станам дел од партијата која тој ја предводи, напиша Жерновски на својот фејзбук профил.
Одлуката за повлекувањето на Жерновски предизвика огромен интерес во јавноста, особено што изминативе месеци и покрај најавите дека СДСМ ќе оди со свој кандидат, тој опстојуваше на ставот за нов мандат. За таа цел ги собра и неопходните потписи за независна кандидатура и сега на два дена пред поднесување на кадидатурите тој се повлече.
Заев синоќа посочи дека одлуката била договор меѓу него и Жерновски.
Утре на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатури за градоначалници и советници до државната изборна комисија. Партиите се уште не ги откриваат имињата на сите кандидати. Засега останува непознато и името на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за општина Центар.
Како што вчера вече објави ДУИ, а потври и СДСМ, на овие локални избори коалиционите партнери уште во првиот круг ќе имаат межусебна соработка.
ДУИ најверојатно ќе го поддржи Петре Шилегов за Скопје, а СДСМ ккандидатот на ДУИ во Чаир, Кичево, Тетово, Гостивар. ДУИ пак нема да има свој кандидат во Арачиново.
-
Марјан Николовски
Сите содржини од овој новинар