Жерновски на „One Love Tour“ фестивалот во Софија

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева денеска во Софија присуствуваа на фестивалот "One love tour", настан на културата и традицијата, со мисија за приближување на Македонија и Бугарија.
Фестивалот, како што информираат од МНР се одржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, како и со покровителство на градоначалничката на Софија, Јорданка Фандукова.
- Создаваме нови мостови на пријателство со Бугарија кои започнаа да ги градат премиерите Заев и Борисов, рече Жерновски, се вели во соопштението.
Република Македонија, посочил тој, повеќе нема отворени прашања со своите соседи, а Советот на шефови на држави на ЕУ во своите заклучоци силно ја поздравува спогодбата со Грција и Договорот со Република Бугарија.
Жерновски, информираат од МНР, упатил силна благодарност до бугарската министерка Екстерина Захариева, која во Луксембург на Советот на министри за надворешни работи, силно лобираше за Република Македонија.
- Така треба да изгледаат и делуваат вистински соседи и пријатели. Тоа е тој нов дух на Балканот за кој зборува цела Европа. Сакам да ве уверам дека ќе продолжиме по овој пат, заклучи Жерновски, при неговото учество на фестивалот "One love tour" во Софија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
