Женско рели по повод Меѓународниот ден на жената
По повод Меѓународниот ден на жената, Осми март, автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ денеска ќе го организираат популарното „Женско рели 2020“.
Како што наведуваат организаторите, свеченото отворање ќе почне во 10 часот, а првиот екипаж ќе почне во 10:30 од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Учеството за сите екипажи е бесплатно, но ќе учествуваат со сопствено возило.
-Релито ќе се состои од два етапи. Првата етапа е возење по патна книга со зададено максимално време и задолжително поминување на контролни точки низ улиците во Скопје. Втората етапа е брзински испит во вешто возење т.н. гимкана кој ќе се одржи кај Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, соопшти АФМ.
Според правилникот, учесничките ќе бидат поделени во четири класи во зависност од кубикажата на возилата. За сите учеснички, од АФМ наведуваат дека се предвидени изненадувања и награди од организаторот и покровителите на манифестацијата, а за најдобрите по класи ќе има свечено прогласување во ресторанот Ден и ноќ.
Најавено е учество на десетина возила од Косово.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени