Македонија
1. January 2025 - 11:05

Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци

Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци, информираше в.д. директорката на оваа јавна здравствена установа, со проширена дејност,  Гордана Камчева. 

- Точно на полноќ се породи Мери Ѓоргиева од село Тремник и роди женско бебе долго 50 сантиметри и тешко 3.000 грама. Во 01.15. часот по полноќ, Аница Баснаркова од село Возарци донесе на свет момче тешко 3.800 грама и долго 52 сантиметри, соопшти Камчева.