-->
-->
Женска судиска тројка прв пат ќе дели правда на Светско фудбалско првенство за мажи
-->
Прв пат во историјата на фудбалот, женска судиска тројка е назначена на натпревар на Светското првенство во машка конкуренција.
Историјата ќе биде испишана на натпреварот помеѓу Костарика и Германија на кој главна судијка ќе биде Стефани Фрапарт од Франција, а асистентки Неуза Бак од Бразил и Карен Дијаз од Мексико.
Натпреварот ќе се одигра утре од 20 часот на стадионот Ал Бајт.
Пред Светското првенство во Катар претседателот на Комитетот за судии на ФИФА, Пјерлуиџи Колина изјави дека судијките, како што рече „не беа избрани бидејќи се жени, туку како судии на ФИФА и тие би можеле да го судат секој натпревар“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател
-
Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози