Жените почесто го менуваат мислењето за својата сексуалност

Жените попрво ќе станат бисексуални од мажите, откри нова студија. Во истражувањето учествувале 9.000 млади лица, па е откриено дека жените почесто се изјаснуваат како „главно хетеросексуални“ лица. Исто така, жените почесто го менуваат мислењето за својата сексуалност. За разлика од нив, мажите се изјаснуваат или како „100 отстотни“ хетеросексуалци, или „100 отстотни“ хомосексуалци.
- Ова може да значи дека женската сексуалност е пофлексибилна и поприлагодлива од машката – рече водачот на истражувањето Елизабет МкКлинток.
Студијата ја направила откако голем број на познати женски лица јавно изјавиле дека се бисексуалки. Меѓу нив е и глумицата Анџелина Џоли, која имала афера со јапонско-американската манекенка Џени Шимзо. Супермоделот Кара Делевињ рекла дека нејзината бисексуална врска со Амбер Херд не била само фаза, а се случила пред нејзиниот брак со Џони Деп.
Во студијата е следен сексуалниот живот на 5.000 жени и 4.000 мажи од нивните тинејџерски денови до доцните 20 –ти години. Откриено е и дека младите мајки се изјаснуваат како хетеросексуални во своите 20-ти години, а неколку години подоцна како бисексуални.
Ново на Сител
-

Анализа: Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн-трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра
-

Викендов сончево и потопло, од вторник нестабилно со пониски температури и дожд
-

Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје
-

Уапсен 27-годишен стружанец, пронајдени 41 паковка со марихуана
-

Одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона бара Туристичката комора на ССКМ
-

Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток
-

За една година удвоен бројот веб-страници што продаваат материјали со сексуална злоупотреба на деца
-

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби
