Бизнис
16. February 2020 - 16:40

Жените од руралните средини сакаат да бидат бизнисменки

Жените од руралните средини сакаат да бидат бизнисменки. За започнување сопствен бизнис, каде државата  им дава неповратни 3.000 евра,  се пријавиле  402 кандидатки.  Парите не се многу, но доволни за старт и за напуштање на стигмата дека имотот се дели само на мажите, а жената е таа која ќе работи и  нема да биде платена за тоа, вели министерот за земјоделие Димковски. Според официјалните податоци, во земјава има 170 илјади регистрирани земјоделци. Од нив, само 21% се жени., од кои само 5 отсто се сопственици на имот и на земјиште.

Парите  се наменети за инвестиции во преработка на примарните земјоделски прозиводи, но и за набавка на опрема за постбербени активности на  овошје и зеленчук, житарици, млечни пороизводи , вино, маџун, опрема за ладење и замрзнување, конзервирање, сушење и  етикетирање на производите.

Тонско Димковски Сведоци сме дека се продаваат ајвар, туршија и слично на пазар без етикети и слично. Сега ќе можат истите прозиводи да ги продаваат во маркетите, да ги понудат по рестораните, со тоа што ќе бидат запазени хигиенските услови на произвдоство на истите, додаава Димковски

Димковски вели дека пари се предвидени за сите жени кои сакаат да станат носители на земјоделските стопанства, доколку ги исполнат бараните услови.