Loading Video...
Свет
10. July 2022 - 16:31

Жени дрогирани и силувани на партиска забава на која бил и канцеларот на Германија

Најмалку девет жени кои биле на забавата организирана од германската Социјалдемократска партија на која присуствувал и канцеларот Олаф Шолц биле дрогирани со суспстанца позната како дрога за силување, соопшти берлинската полиција.

Инцидентот се случил на шести јули, а следното утро се регистрирани и првите жртви. Една од девојките се пожалила дека се чувствуав лошо, има вртоглавица и го изгубила помнењето по учеството на забавата, објаснуваат истражителите.

На забавата на Социјалдемократите имало над илјада гости. 

- Ги советувам сите засегнати да поднесат тужби за овој страшен чин, напиша на Твитер една од лидерите на СПД, Катја Мас.