-->
-->
Жена загина во тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен
-->
На 23.04.2023 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато", во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од И.А.(57) од Ресен и патничко возило марка „мерцедес", управувано од С.Ј.(52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала И.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Сопатникот во возилото „сеат“ А.А.(56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
