Жена загина, а девојче повредено при судар на автомобил со коњи
38 годишна жена од тетовска Мала Речица загина во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар. Нејзината 10 годишна ќерка завршила со скршеници, а сопругот без повреди во несреќата кога со нивниот автомобил удреле во три коњи кои се движеле без надзор по коловозот.
- Од удирањето во животните, сопругата Г.Р, која била на предното и малолетната ќерка на задното седиште, задобиле телесни повреди и со другите две возила биле пренесени во гостиварската болница.Но, таму била констатирана смрт на Г.Р и лесни телесни повреди кај девојчето, кое по укажаната помош, пуштено е на домашно лекување.
Трагичната сообраќајка е една во честите несреќи поради тоа што животни успеваат да влезат на автопатот Тетово-Гостивар бидејќи ја нема заштитна жица.
Несреќата се случила синоќа пред 22 часот на еден километар од клучката за Тумчевиште.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
