Македонија
12. March 2025 - 18:31

Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала

На 11.03.2025 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, управувано од женско лице, удрило во А.З.(18) од Тетово и го напуштило местото на настанот, информира МВР.

Во несреќата, А.З. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.