Жена прави се за љубов: Продала теле само за да оди да го види својот сакан
Л.Ј (48) од Хрватска без никој да ја види продала теле само за да плати такси за да отиде во Пријдор да го посети својот љубовник.
Л.Ј живеела во Пријдор, но пред неколку месеци се отселила во Хрватска кај својата мајка, како што зборуваат соседите, на госпоѓата најтешко и паднало што повеќе не може д го гледа својот партнер кој морал да остане во Пријдор.
Така по некое време по селидбата постојано барала начин како да ја победи далечината од 200 километри и да дојде до него.
Со оглед дека немала пари, оваа 48-годишна жена тајно од својата мајка, едно попладне го продала нејзиното теле, тие пари ги потрошила на такси и за подарок за нејзиниот партнер.
- Јас не знам што има во нејзината глава, со тоа теле можеше да го храни целото семејство со години. Изгледа дека човекот што е постар е по се луд. Па ако толку многу го сакала можела да дојде со автобус, а не да го прави овој циркуз на себе и на својата мајка, која кутрата најверојатно се шокирала, ова го изјавил другарот на момчето.
Ново на Сител
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора
-
Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
-
Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано