Балкан
2. October 2022 - 18:09

Жена починала на избирачко место во БиХ

Постара жена починала на избирачко место во месната заедница „Грбавица 1“ во Сараево околу 14 часот.

На повозрасно лице (81) му се слошило откако гласало и за жал починало на лице место. Околу 14 часот и 55 минути Брзата помош констатирала смрт.

Од МВР на кантонот Сараево за „N1“ потврдиле дека ова избирачко место се уште е затворено за гласање.

За колку време ќе му биде продолжена работата ќе одлучува општинската изборна комисија.

Граѓаните на Босна и Херцеговина денеска гласаат на Општите избори, а изборниот систем во Босна и Херцеговина е еден од најкомплицираните во Европа. Најголемо внимание е насочено кон кандидатите за претседател на БиХ, како и за претседател на Република Српска.