Жена од Филипините преживеала четири дена на отворено море
Екипажот на товарен брод во Филипините ја спаси 25-годишната Диана Салим по четири дена на отворено море.
Градот Сибуко, од каде што потекнува Салим, беше погоден од силен тајфун и несреќната жена била повлечена од надојдените води кои ја однеле дури 900 километри северно од нејзиниот роден град.
- Се подготвувавме да се евакуираме кога водите дојдоа и ја однесоа целата наша куќа, изјави Салим за австралиските медиуми, додавајќи дека со денови немала ништо за јадење додека се одржувала на површината држејќи се за парче дрво, а дождовницата била единствената вода што ја имала за пиење.
Се уште нема информации за судбината на нејзиното семејство. Над 200 лица загинаа на Филипините, а 159 се водат како исчезнати по ударот на тајфунот Тембин, додека безмалку 100.000 лица мораа да бидат евакуирани.
Градоначалникот на Сибуко, Норбидеири Единг изјави дека спасувањето на Салим ќе значи нов поттик за спасувачките екипи кои трагаат по другите жители на градот кои се водат како исчезнати.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат