Жена демонстрант го прекина дневникот на рускиот Прв канал со плакат со кој ја осудува војната во Украина
– Жена демонстрант ја прекина главната информативна програма на рускиот Прв канал со транспарент со кој ги повикува гледачите „да не веруваат во пропаганда“ и „да ја прекинат војната“ во Украина.
Паролата беше напишана на англиски и на руски јазик.
Невладината ОВД-Инфо ја претстави жената како Марина Овсијаникова, вработена во тој медиум.
Додека водителката Екатерина Андреева ги читала вестите, зад неа се појавила Овсијаникова со транспарент на кој пишувало: „Не за војна. Не верувајте во пропагандата. Овде ве лажат“.
Водителката продолжила да ги чита вестите неколку секунди, а потоа мрежата брзо преминала на репортажа и го прекинала преносот во живо од студиото.
Сцената се случила за време на вечерната информативна програма „Времија“ на Првиот канал, која секојдневно ја следат милиони Руси.
„Отворена е внатрешна истрага за инцидентот“, соопшти телевизијата.
ОВД-Инфо соопшти дека Овсијаникова е уапсена и приведена во полициска станица.
Неодамна во Русија беше усвоен закон со кој се казнува со тешки казни – до 15 години затвор – она што власта го смета за „лажни информации“ за армијата.
ОВД наведува дека повеќе од 14.100 луѓе се приведени поради изразување несогласување со одлуката на Русија да започне инвазија на Украина на 24 февруари.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа