Железници Транспорт ја пушти во сообраќај новата електролокомотива од кинески ЦРРС
Железници Транспорт ад Скопје ја пушти во сообраќај првата од четирите нови електролокомотиви, откако претходно беше извршена контрла пред ипорака кај производителот, кинеската ЦРРС.
Вредноста на една електролокомотива изнесува 2,13 милиони евра, обебзедени од кредит од Европската банка за обнова и равзој (ЕБОР)).
– Локомотивата ги помина сите етстови и добиен е ТСИ сертификат од страна на производителот, како и дозвола за пуштање во сообраќај од страна на Управата за сигурност во железничкиот сообраќај. Од стран на Железници на РСМ Транспорт направени се тестирања според тендерските барања напругите низ држвава, со што се утврди дека тестирањата го задоволија тендерското барање да повлече 1.600 тони на 17 промили, соопшти Железници на РСМ Транспорт.
Првата електролокомотива беше испорачана во мај, но не беше пуштена во сообраќај, бидејќи, како што образложија од Железници Транспорт, не била пристигната комплетната техничка документација за неа. За да се добие дозвола за пуштање во сообраќај локомотивата поседува Европски Сертификат за импероперабилност (ТСИ Сертификат) и да биде извршен технички прием на истата, информираа во август од Железници на РСМ – Транспорт.
Генералниот директор на Железници Трнанспорт Орхан Муртезани при престојот во Кина кога се вршеа последните проверки, најави дека до средината на следниот месец во Скопје ќе пристигнат и останатите три локомотиви, согалсно со Договорт со ЦРРС.
Договорот за набавка на четирите електрични локомотиви беше потпишан во јануари 2017 година.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина