-->
-->
Железничкиот сообраќај во прекин, машиновозачите чекаат средба со менаџментот на компанијата
-->
Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.
– Сообраќајот сеуште е во прекин. Го чекаме состанокот во 11 часот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на Република Македонија- Транспорт“.
Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.
Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип