-->
-->
Ждрепка за Лига шампиони и Лига Европа
-->
Во седиштето на УЕФА во Нион денеска ќе се одржи извлекувањето за осминафиналето од Лигата на шампионите.
Во првиот „шешир“ се наоѓаат екипите кои беа пласирани на првите места во групите: Реал Мадрид, Волфсбург, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Барселона, Баерн, Челзи и Зенит.
Во вториот „шешир“ се второпласираните од групите: ПСЖ, ПСВ, Бенфика, Јувентус, Рома, Арсенал, Динамо Киев и Гент.
Распоредот на натпреварите дополнително ќе биде направен, а термините се: 16/17 февруари и 23/24 февруари (први дуели) и 8/9 и 15/16 март (реванши).
Покрај ова ќе биде извршено и извлекувањето на двојките за 1/16 финалето од Лига Европа. 32-та тима се поделени во два „шешира“ (носители и неносители).
Во групата носители се: Молде, Ливерпул, Краснодар, Наполи, Рапид Виена, Брага, Лацио, Локомотив Москва, Базел, Тотенем, Шалке, Атлетик Билбао (победници на групи), Порто, Олимпијакос, Манчестер Јунајтед и Баер Леверкузен (третопласирани од ЛШ).
Во групата неносители се: Фенербахче, Сион, Борусија Дортмунд, Митјиланд, Виљареал, Олимпик Марсеј, Сент Етиен, Спортинг, Фиорентина, Андерлехт, Спарта Прага, Аугсбург (второпласирани од групите во ЛЕ), Севиља, Валенсија, Галатасарај и Шахтјор (третопласирани од ЛШ).
Натпреварите ќе се играат на 18 февруари (први дуели) и на 25 февруари (реванши).
Почетокот на извлекувањето за Лигата на шампионите е во 12 часот, а за Лига Европа еден час подоцна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО
-
Паркови и зеленило со предупредување: Не паркирајте под дрвја, најавено е невреме
-
МНР на БиХ денеска му го поништи дипломатскиот пасош на Додик
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово
-
Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“
-
Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, ослободена од политички и други влијанија