Жбогар: Со нетрпение очекуваме да се формира новата влада

Очекуваме што поскоро да се формира влада во чиј фокус на активности би биле евроинтеграциите како цел која ја поддржуваат сите политички партии во земјата. Одлуката за тоа е во рацете на партиите во Парламентот, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Прилеп.
- Со нетрпение очекуваме формирање на новата влада. Гледаме дека сите политички партии во земјата ја поддржуваат агендата на ЕУ. Веруваме дека токму оваа ЕУ агенда е центарот или ткивото кое би ги обединило сите политички партии во земјата, и таквата агенда секогаш ќе има потреба од широка поддршка, не само од партиите кои се на власт, туку и од опозицијата. Токму на тој начин или во тој контекст ние гледаме една силна влада која ќе притиска, или ќе работи на имплементација на ЕУ-агендата и ќе направи прогрес, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање што да се очекува и какви пораки ќе испрати еврокомесарот Јоханес Хан кој се најави дека в четврток ќе дојде во посета на Македонија.
Ново на Сител
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Делиме иста визија за полоноправно членство во ЕУ
-

Нов судир за младите и ЕУ
-

Пропуст кај дури 39 полицајци утврди МВР за пријавите за насилство против Стојанче Јовановски
