Жбогар: Сега е моментот за институционална соработка за исполнување на препораките на УНЕСКО
Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар вели дека сега е моментот за вистинска соработка помеѓу сите институции за да се исполнат препораките на УНЕСКО за Охрид.
– Секогаш верувам дека е подобро сами со сопствени сили да се справите со проблемите. Од 4 јули кога УНЕСКО ја даде препораката, до 1 февруари има 30 недели што можат да се искористат за да се реши проблемот. Од тогаш поминаа две недели и не гледаме никаков резултат, иако сметам дека навистина треба да се вложат сите напори за да дојде до тој резултат, изјави амбасадорот Жбогар одговарајќи на новинарско прашање во врска со препораките на УНЕСКО.
Тој рече дека вчера имал средба со неколку активисти и коактивисти кои, како што рече, со него ја споделиле загриженоста дали воопшто препораките ќе можат да се исполнат.
– Сметам дека сега е моментот кога треба да видиме вистинска соработка помеѓу институциите на национално ниво, Владата, Парламентот, општините, локалните самоуправи и да се најдат нови начини за справување со проблемот. Потребна ни е нова енергија, нов начин за да се среди тоа, изјави Жбогар денеска во Слатино.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа

