Жбогар: Реформите да го оправдаат оптимизмот кај граѓаните
Европската унија и меѓународната заедница очекуваат од новата Влада и сите политичари во земјата да го одржуваат во живот оптимизмот што е забележлив кај граѓаните, а реформите исто така да придонесат во таа насока. Тоа денеска во Охрид го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар по средбата со градоначалникот Никола Бакрачески.
Евроамбасадорот притоа нагласи оти Унијата нотира одреден оптимизам кај луѓето во Република Македонија, како да чувствуваат олеснување што е резултат од завршувањето на продолжената криза, како и надеж дека земјата ја очекува подбра идинина.
- Тој оптимизам мора да се одржи во живот, тоа е задача на сите политичари, независно дали се тие од позиција, опозиција или самите пратеници во Собранието. И ние како ЕУ имаме свој дел во одговорноста. Имајќи го предвид долгиот период на криза, мислам дека сегашниот момент претставува единствена можност да се работи за иднината на граѓаните и земјата. Оттаму ЕУ и сугерира на Владата целосно да се ангажира на спроведување на повеќе од потребните реформи, истакна Жбогар.
Притоа тој нагласи дека на реформите не треба да се гледа како на некаков апстрактен процес, туку на активности нормални за демократско општество.
- Тука се мисли на реформи што ќе резултираат со независно судство, судство што подеднакво ќе ги третира сите граѓани, независни институции на системот. Кога велиме реформи мислиме на тоа луѓето, стопанствениците и невладините организции да можат да почувствуваат дека кога ќе бидат предмет на инспекциски проверки да не бидат казнувани поради ред ирационални причини. Истовремено ЕУ тука мисли на реформи за независни медиуми кои ќе информираат објективно и кои врз база на објективноста во информирањето ќе им овозможат на луѓето независно да формираат свое мислење, рече евроамбасадорот.
Тој воедно забележа дека препораките од ЕУ за реформи не наметнуваат стриктни рокови.
- Не сме рекле дека септември е крајниот рок кога Владата треба да ги испорача тие реформи. Ние сме за реформи во следните неколку месеци. Се разбира дека имаме предвид дека станува збор за комплицирани прашања чие решавање бара повеќе време, но остварувањето на принципите на демократијата како владеењето на правото, независноста на судството, генерално претставува жив процес што треба да се спроведува чекор по чекор, додаде Жбогар, притоа нагласувајќи дека реформите не треба да се восприемаат како задача што ја сугерира ЕУ туку како процес што на крајот на денот е во интерес на самите граѓани.
На прашањето поврзано со активностите за именување нов државен јавен обвинител, Жбогар истакна дека новото решение треба да биде целосно деполитизирана личност.
- За тоа прашање ќе решава новиот состав на Парламентот. Доколку биде назначен нов обвинител ЕУ очекува таа личност да биде независна, професионалец со авторитет и кредибилитет да може да ја предводи институцијата, истакна тој.
Евроамбасадорот Жбогар денеска беше во работна посета на Охрид, каде во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ се запозна со дел од проектите реализирани во општината со поддршка на Европската унија.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје