Жбогар: Да се исполнат обврските и препораката да стане безусловна
Македонија и годинава доби уште една препорака за почнување преговори за членство во ЕУ, но таа е условена. Условеноста се однесува на спроведувањето на Пржинскиот договор, предвремените парламентарни избори и идните реформски приоритети, изјави денеска евроамбасадорот Семуел Жбогар по објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата во изминатата година.
Владата што треба да биде формирана по изборите на 11 декември, како што кажа Жбогар, треба да ја искористи оваа можност и овој Извештај да го претвори во безусловен.
- Кризата трае премногу долго. Државните институции треба да ја вратат својата кредибилност, а ЕУ е подготвена да ве поддржи во трансформирањето на вашата земја во она што таа заслужува и сака да биде - демократско, динамично и просперитетно место што може да им понуди на своите граѓани стабилност и подобри перспективи за во иднина, рече Жбогар.
Тој на прес-конференцијата во седиштето на Европската унија во Скопје ги презентираше главните наоди од годинашниот Извештај за напредокот по области.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата