Македонија
31. July 2017 - 13:08

Зголемување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци, тутун и горива

Во јуни годинава во однос на јуни лани во трговијата на мало има зголемување на прометот кај храната, пијалоците и тутунот и автомобилските горива.

Според  податоците на Државниот завод за статистика, во трговија на мало со храна, пијалоци и тутун има зголемување номинално за 8 отсто, а реално за 6 отсто и трговија на мало, со автомобилски горива номинално за 8,7 отсто, а реално за 8,6 отсто.

Намалување на прометот е забележано во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 10,2 отсто, а реално за 9,3 отсто и трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 2,2 отсто, а реално за 3,2 отсто.