Зголемено нивото на озон во Атина
Во грчкиот главен град Атина денеска е регистрирано зголемено ниво на озон во воздухот, соопшти Министерството за животна средина на Грција.
Според Министерството, во одделни делови на градот нивото на озон ја надминало дозволената граница од 180 микгрограми на метар кубен. Највисоко ниво на озон од 191 микгрограми на метар кубен е регистрирано во атинската општина Тракомакедонес.
Министерството им препорача на граѓаните кои страдаат од респраторни заболување и се чувствителни на загадувањето на воздухот да избегнуваат излегување од своите домови.
Според Министерството, се очекува загадувањето на воздухот да се намали во текот на вечерните часови.
Грција веќе трет ден е зафатена од жежок бран, при што во некои делови на земјата, меѓу кои и во реонот на Атина, температурите се искачија и до 43 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!