Зголемени златните резерви на Кина за 57 отсто
Народната банка на Кина соопшти дека вкупниот обем на златни резерви во јуни оваа година е 1.658 тони. Во април 2009 година тој обем беше 1.054 тони и тоа беше последен пат да бидат објавени такви податоци.
Кина е најголем светски производител на злато, но 57-отсто зголемување на златните резерви претставува успорување во однос на скокот на златни резерви од 2003 година до 2009 година од 75 отсто.
Цената на златото во изминатите неколку месеци е во пад во очекување на потези од Американската централна банка (ФЕД) и зголемувањето на референтните каматни стапки во крајот на оваа година.
Цената на златото денеска беше 1.110 долари за унца - најниска од март 2010 година и исклучително пониско во однос на рекордното ниво од 2012 година кога беше 1.800 долари.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет