Бизнис
15. August 2016 - 14:01

Зголемени цените во земјоделството

Цените во земјоделството во јули годинава се зголемени за 0,1 отсто кај импутот и за 0,6 отсто кај аутпутот во споредба со истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на тековно потрошени средства во земјоделството пораснале за 0,1 отсто, додека средствата наменети за инвестиции во земјоделството се намалиле за 0,5 отсто. Цените на растителното производство, пак, се зголемени за 3 отсто, а цените на добиточно производство се намалени за 4 отсто.