Зголемена опасноста од појава на пожари

Граѓаните да бидат внимателни во овој перод од годината кога температурите се високи и може многу лесно да се предизвика пожар, апелира денеска Просторниот штаб за заштита и спасување на Општина Кичево.
Командантот на Штабот Рамиз Реџепи препорача да не се фрлаат лесно запаливи предмети на отворен простор.
- При евентуален пожар, граѓаните да се обратат на бесплатниот телефон 193 на противпожарната единица за негово побрзо локализирање, рече Реџепи.
Се обрати и командирот Горан Соколовски, истакнувајќи дека бројот на пожарите во споредба со истиот период од предходните години бележи тренд на намалување.
- Тоа не значи дека не треба да бидеме претпазливи во периодот што следува, нагласи Соколовски.
На седницата беа присутни претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, АРМ, Шумската полиција, ЕВН и преседателите на сите месни заедници.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
