Зголемена опасност од пожари во Грција
Грчките власти предупредија дека денеска има многу голема веројатност од избувнување на пожари во повеќе области во земјата, поради што опасноста од пожари е зголемена на четврти степен, јави дописникот на МИА од Атина.
Како особено висок, се оценува ризикот од пожари во Атика, на Пелопонез, во северниот дел на Егејското море и на островите Лимнос, Самос и Икарија, во североисточниот дел на Грција и на островот Самотраки.
Локалните власти се во состојба на зголемена готовност, со цел поуспешно да се справат со евентуални пожари.
На граѓаните им е препорачано да бидат многу внимателни и да се воздржат од активности со кои би можеле да предизвикаат пожари од невнимателност. Забрането е и палење сува трева и други растителни отпадоци на земјоделски површини.
Ново на Сител
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри