Зголемена довербата во трговијата на мало
Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од годинава е зголемен за 0,5 процентни поени во однос на претходното тримесечје и за 1 процентен поен во однос на истото тримесечје од 2016 година, оценуваат раководителите на деловните субјекти.
Според оценката на раководителите, финансиската состојба во второто тримесечје од годинава е поповолна во однос на првото тримесечје, а во наредниот период ќе се зголемат порачките и бројот на вработените. Продажните цени, пак, се намалиле во однос на првото тримесечје, а се очекува нивно намалување и во наредните три месеци.
Економската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на второто тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од годинава имале зголемената конкуренција на пазарот со 24,3 отсто, слабата побарувачка од купувачите со 23,1, нема ограничувања со 12,4 и зголемената понуда на пазарот со 11,7 отсто.
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија