Зголемен смртниот биланс од вчерашниот земјотрес во Турција, попладнево уште еден потрес
Бројот на загинати од вчерашниот земјотрес во источна Турција достигна 29 лица јави турскиот телевизиски канал ТРТ.
Бројот на повредени исто така се зголемува, па според на турската Служба за вонредни состојби и природни непогоди во земјотресот биле повредени 1466 лица.
Турските медиуми јавуваат дека од под урнатините, спасувачките екипи успеале да извлечат живи најмалку 43 лица.
Во најпогодената област Елазиг, денеска повторно беше регистриран земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала. Земјотресот се случи околу 19.30 часот по локално време, на длабочина од 10 километри, јави американскиот Геолошки институт. Засега нема информации за повредени во денешниот земјотрес.
За жителите на провинцијата Елазиг, тоа беше втор голем земјотрес што го погоди регионот за помалку од два дена. Вчерашниот земјотрес, со јачина од 6,8 степени покрај човечките жртви, уништи и неколку згради, а предизвика и најмалку еден пожар.
Ново на Сител
-
Висината на цунамито во Северо-Курилск достигна пет метри
-
Владата чека оставка од обвинителот Коцевски
-
Чешкиот „Блек хок“ се очекува да полета кон планината Готен, пристигнаа и словенечките пожарникари
-
Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
-
Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
-
Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје