Зголемен ризик од пожари во Амазонската прашума
Официјалните податоци од Бразил покажуваат дека во јули е регистрирани забележително зголемување на пожарите во Амазонската прашума во однос на истиот месец минатата година и дека тоа би можело да прерасне во голем проблем.
Сателитските снимки направени од бразилската Национална вселенска агенција покажуваат дека во јули во Амазонија имало 6.803 пожари, што е за 28 отсто повеќе отколку истиот период минатата година.
Овие бројки предизвикуваат загриженост дека е можно да се повтори минатогодишното сценарио, односно пожарот што се ширеше во Амазонија кога изгореа повеќе од 10.000 квадратни километри од оваа најголема светска дождовна шума. Во август минатата година во Амазонија се регистрирани 30.900 пожари.
Директорката на бразилскиот институт за истражување на животната средина, Ана Аленкар изјави дека ова зголемување на бројот на пожари е „опасен знак“ и оти се очекува август да биде тежок во Амазон, а септември уште полош.
Ново на Сител
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново