-->
-->
Зголемен прометот во трговијата на мало
-->
Прометот во трговијата на мало, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани е зголемен во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 8,2 отсто, а реално за 5,9 отсто.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво прометот номинално е зголемен за 10,4 отсто, а реално за 7,9 отсто, а во Трговија на мало, освен трговија со горива номиналното зголемување изнесува 9,3 проценти, а реалното 7,5 проценти.
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива, пак, прометот номинално е зголемен за 13,3 отсто, а реално е намален за 4,2 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
