Зголемен прометот во индустријата

Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е зголемен за 1,7 проценти, а споредено со јули лани за 13,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-јули годинава, во однос на истиот период минатата година, е регистрирано зголемување на прометот во индустријата за 10,4 проценти.
На домашниот пазар во јули оваа година споредено со јули минатата остварениот промет во индустријата бележи пораст од 3,5 проценти, а прометот остварен на странските пазари пораст од 16,1 процент.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во јули годинава во однос на јули 2015 година, бележи пораст од 13,5 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 13,1 процент.
Според главните индустриски групи, прометот во јули годинава, во однос на јули лани е зголемен кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 8,3 проценти, „капитални производи“ за 14,8 проценти, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 14,9 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 16,9 проценти.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
