Зголемен интересот на граѓаните за доквалификација и преквалификација
Интересот за неформалното образование, пред се во насока на доквалификација и преквалификација, континуирано се зголемува. Не само компаниите, туку и граѓаните ја препознаваат моќта на знаењето и самоиницијативно се вклучуваат во активности кои водат кон професионално усовршување и стекнување нови вештини, а тоа ги прави поконкурентни на пазарот на трудот, беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора.
Откако почна верификацијата на програмите за образование на возрасни, во 2012 година, реализирани се преку 60 обуки кои успешно ги завршиле околу 550 учесници. Најголем е интересот за економската, медицинската и угостителско-туристичката струка, како и за делот на личните услуги - фризери и козметичари.
- Интересот на компаниите за обезбедување соодветен квалификуван кадар е значително зголемен. Компаниите веќе се вклучуваат како партнери во нашите програми за доквалификација и преквалификација со цел да си го обезбедат својот дефицитарен кадар, од соодветното занимање, Анета Трајковска од Стопанската комора.
Како што информира Ирена Милков од Центарот за образование на возрасни, Министерството за образование и наука има верифицирано 43 институции за образование на возрасните за 105 посебни програми.
- Нашето искуство покажа дека постои голема заинтересираност меѓу понудувачите на услуги за верификување на посебните програми за образование на возрасните кои водат до квалификација и досега се верификувани 133 програми, рече Милков.
Програмите кои водат до квалификации, додаде, се поделени по струки. Во делот лични услуги, Центарот има верификувано 32 програми, во угостителско-туристичката струка 16, во хемиско-технолошката шест, во шумарско-дрвопреработувачката четири, во земјоделско-ветеринарната пет, во медицинската седум, во електротехничката пет, во машинската 17, во сообраќајната пет, во градежната 15, во економската шест, во текстилно-кожарската 10 и во графичката две.
Три програми се верификувани и за обука за т.н. професионални обучувачи за возрасни, како релативно понова струка кај нас.
Ново на Сител
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади