Зголемен интензитетот на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар - Кичево
- По завршувањето на продолжениот празничен викенд во текот на денов и вечерва зголемен е интензитетот на сообраќајот на патниот правец Гостивар - Кичево, особено во правец кон Гостивар.
Од СВР Тетово за МИА изјавија дека заради избегнување на сообраќаен метеж се преземени соодветни мерки на регулирање на сообраќајот.
- За да се избегнат застоите на овој дел од патот се врши физичко регулирање на сообраќајот близу Стража, кај мостот кој е во фаза на реконструкција, и на крстосницата која води за Маврово и Гостивар. Сообраќајот на оваа делница беше регулиран со светлосна сигнализација (семафор), а денеска тоа го прават полициски службеници, изјавија за МИА од СВР Тетово.
По сообраќајниците низ гостиварскиот регион забележан е зголемен број на возила со оглед дека во овој дел од годината во родниот крај доаѓаат и печалбарите.
Ново на Сител
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
-

Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница
-

Епидемија на мали сипаници во Пенсилванија, над илјада заразени
-

Сплит е домаќин на политичката елита од Јужна Европа
-

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации
-

Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
