-->
-->
Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата
-->

Бројот на туристи во Македонија во септември годинава бил 79.218, а бројот на ноќевањата 184.262 што, според Државниот завод за статистика, е зголемување за 20 отсто кај туристите и 17,7 проценти кај ноќевањата во однос на септември лани.
Бројот на домашните туристи е зголемен за 11,5 отсто, а на странските за 22,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 3,8, а на странските за 24.3 проценти.
Во периодот јануари - септември 2015, бројот на туристите е зголемен за 11,2 отсто во споредба со првите девет месеци минатата година, кај домашните за 5,6, а кај странските за 15,4. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,1 отсто, кај домашните туристи за 6,2, а кај странските за 13.4 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
