Зголемен бројот на посетители на градскиот базен во Куманово
Од почетокот на сезонава до крајот на јули на градскиот базен биле продадени 8.422 билети, информираат од ЈП „Чистиота и зеленило“ под чија ингеренција е базенот. Оттаму очекуваат дека во август ќе се зголеми посетеноста на базенот, поради зголемувањето на темпертурите.
- Во јули имавме послаба посетеност поради врнежливото време, но очекуваме потопло време и со тоа да се зголеми бројот на капачите, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.
Посетителите, имаат на располагање и храна и пијалоци во угостителскиот објект кој работи во рамки на базенот.
Лани биле продадени 14.166 карти.
Испитувања што ги спроведуваат екипите на Центарот за јавно здравје покажуваат дека капачите слободно можат да се капат во базенот. Водата е бакетриолошки исправна, а Центарот за јавно здравје два пати месечно зема мостри за испитување на квалитетот на водата.
- Досега сите испитани примероци се исправни. Водата секогаш има резидуален хлор, што претставува дополнителна заштита. Сепак, многу битно е и корисниците да внимаваат на личната хигиена пред влегување во базенот и значајно е и самата околината околу базените да биде чиста, посочува доктор Мимоза Величковски, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје.
Ново на Сител
-
Семејно насилство во Струга, сопругот и свекорот приведени во полиција
-
16 лица добија притвор за пожарот во Кочани
-
Во израелските напади во Газа 413 загинати, меѓу нив и високи претставници на Хамас
-
Српски медиуми: Додека во Србија со месеци се чека, во Македонија веднаш се реагира и се апси
-
Погребот на загинатите во трагедијата во Кочани ќе биде во четврток
-
Мирен собир во Прилеп „Бараме одговори и одговорност“
-
Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта наменет за друг објект
-
Шлепер се преврте кај Блаце, повредени нема, а сообраќајот е нормализиран