Зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19, на починати и оздравени пациенти
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 март, тестирани се вкупно 24.517 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.441; 49,9 отсто), со неделна инциденца – 557,1/100.000. Највисока неделна инциденца од 899,1/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).
Процентот на позитивност се движи од 23,4 отсто до 32,3 отсто, просечно 27,9 отсто, што е за три отсто повеќе во споредба со минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.772, 25,7 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1.303; 18,9 отсто), од 40 до 49 години (n=1.272; 18,4 отсто), од 50 до 59 години (n=1.210; 17,5 отсто) и од 20 до 29 години (n=864; 12,5 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=144; 2,1 отсто) и од 10 до 19 години (n=334; 4,8 отсто). Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10 до 19 години (33,1 отсто), од 50 до 59 години (32,1 отсто) и од 40 до 49 години (30,2 отсто).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1 отсто во споредба со минатата недела.
Пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, 22,5 отсто повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лицa биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група од 40 до 49 години и едно лице на возраст од 30 до 39 години.
Заклучно со 22 март вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза (4.002 – Pfizer/Biontech и 2.702 – Sputnik V) и 2.572 (Pfizer/Biontech) со втора доза на вакцина против Ковид-19.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 март, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
