-->
-->
Зголемен бројот на нови бегалци на грчките острови
-->
Минатата недела значително е зголемен бројот на нови бегалци и мигранти кои пристинале на островот Лезбос, соопштија грчките власти.
Од понеделникот, 22 август, на Лезбос пристигнале 358 луѓе, на Хиос 78, а на Самос се регистрирани седум нови беглаци и мигранти.
Во близина на брегот кај Митилена само денеска се спасени вкупно 175 бегалци и мигранти во три операции. Тие се испратени во кампот во Мориа.
Денеска се пријавени уште два инциденти поврзани со 99 лица, кои се случиле во близина на пристаништето на Хиос.
Во меѓувреме, „Катимерини“ повикувајќи се на свои извори, јави дека денеска на островите Лезбос, Хиос и Кос пристигнале повеќе од 300 бегалци и мигранти.
Според информациите на весникот, 176 бегалци и мигранти пристигнале на Лезбос, на Хиос 89, додека 50 завршиле на Кос. Бројките ги потврдиле и претставници на локалната власт.
Според извештајот на Координативното тело за справување со бегласката криза, на Лезбос денеска пристигнале 124 луѓе, а на Калимнос 25 нови бегалци и мигранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен