Зголемен бројот на лекарски интервенции во Куманово
Службата за итна помош од Куманово регистрира од 10 до 15 проценти зголемен број на интервенции од почетокот на летото, информираа денеска лекарите од оваа здравствена установа.
Тие посочуваат дека најчесто помош бараат хронично болните лица.
- Често се јавуваат пациенти кои имаат симптоми како зголемен крвен притисок, повраќање и гадење, изјави доктор Марјан Спирковски, раководител на службата за Итна помош од Куманово.
Лекарите ги советуваат хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на сонце во периодот од 10 до 17 часот, а доколку мора да излезат, да носат лесна и светла облека и да внесуваат доволно течности.
Според лекарите, во овој период од годината често се јавуваат и пациенти кои бараат помош за стомачни заболувања.
- Најчесто станува збор за деца, но заболуваат и повозрасни лица. Симптомите се дијареа, општа малаксаност, гадење, повраќање, вртоглавица и главоболки, вели доктор Спирковски.
Како превентивни мерки лекарите ги посочуваат темелното миење на овошјето и зеленчукот и правилното чување на храната. На граѓаните кои патуваат на одмор им се препорачува да носат вода и храна која не е лесно расиплива и за време на патувањето да избегнуваат брза храна.
Ново на Сител
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина