Зголемен број на интервенции во итната медицинска помош во Струмица
Бројот на повици во итната медицинска помош во Струмица зголемен за 50% во однос на претходниот месец. На дневна основа мобилните тимови на терен имаат и по 25 итни интервенции и речиси иста бројка на домашни посети, а за време на ноќните смени лекарите реализираат преку 100 амбулантски прегледи. Колапси, цревни инфекции и повреди во сообраќајни несреќи се најчестите причини за интервенции на лекарите од оваа служба. Видно зголемување има и на бројката на суспектни и позитивни на ковид 19.
И покрај зголемениот број на интервенции од итната медицинка помош во Струмица велат дека во моментов немаат проблем со персонал, а на терен работат четири тима.
Пред извесен приод просториите на струмичката итна медицинска помош беа комплетно реновирани, но поради зголемениот обем на работа од раководството на службата информираат дека трансферот на амбуланта во обновените простории ќе биде направен на почетокот на септември.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар