Џет-Сет
1. August 2017 - 12:47

Згодна Русинка сака да го „украде“ Роналдо! Не и смета неговата девојка за...

Згодната Русинка Танја Митушина (24) полека но сигурно ги освојува насловните страни на најдобрите модни магазини и во моментите на слава таа не се срами да каже што сака.

Малку го раздрма свтот со изјавата дека сака состанок со Кристијано Роналдо, за неа најубавиот маж на светот.

Свесна е дека фудбалерот на мадридски Реал има девојка, која многу веројатно е бремена, но на Тања тоа ниту најмалку не ја интересира, спремна е да го украде само за себе.

- Поради него би го сменила начинот на кои се облакам и како изгледам. Тој е маж за кои вреди се да се направи, изјавила пред фотографирањето за престижниот Sports Illustrated Swimsuit.

Кристијано Роналдо тоа не го коментирал, што не е чудно, но на вакво нешто може а се огласи неговата девојка Георгина Родригез, ништо помалку згодна од Тања.

Но, мажите често не можат да одолеат на вакви дирекни пораки од убавиците, а посебно тоа се однесува за Роналдо, кој некако тешко успева да се скраси само со една девојка.