Балкан
1. јуни 2016 - 15:54

„Зери“: Пред есен нема да се донесе одлуката за визна либерализација на Косово

Европскиот Парламент и Советот на министри на ЕУ пред есен нема да донесат одлука за визната либерализација на Косово, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“, повикувајќи се на неименувани извори од Брисел.

Суспендирањето на одлуката за укинување на визите за турските државјани доведе до одлагање на овој процес и за Косово, пишува „Зери“ и додава дека ЕП следната недела ќе ја разгледува само визната либерализација на Грузија.