„Зери“: Двајца од уапсените кај езерото Бадовац се припадници на ИД

Двајца од петмината уапсени, кои се осомничени за подготовка на терористички напади во близина на езерото Бадовац во Косово, се припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и во текот на 2013 и 2014 година учествувале во воените судири во Сирија, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.
Весникот наведува дека уапсениот Бесник Латифи (38) од Косовска Митровица двапати бил во воената зона во Сирија. Во истиот временски период бил и другиот осомничен Газменд Халили (31) од Ајвалија.
Петмината осомничени се уапсени во утринските часови во саботата во близина на езерото Бадовац. „Зери“ пренесува дека на сите езера и фабрики за вода во Косово се зголемени безбедносните мерки, а експерти за хемија сметаат дека се многу мали шансите да се затруе водата во било кое езеро на Косово без употреба на големо количество токсични материи.
Ново на Сител
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
-

Трамп: Украина мора да сака да стави крај на војната
-

УЈП ќе ги презентира анализите за тоа колку и од каде заработувале граѓаните
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
-

НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
