Зендели: Засега нема да поднесеме инцијатива за интерпелација на Груби

Беса засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на првиот вицепремиер во Владата Артан Груби, изјави за МИА пратеникот од оваа партија Фадил Зендели, откако синоќа во јавноста се појавија вакви информации. Коментирајќи ја состојбата во Собранието Зендели се сомнева дека власта има мнозинство во Парламентот велејќи дека вината за тоа владејачките партии ја префрлаат на опозицијата.
-Нема такво нешто во моментов, но не исклучувам дека во иднина како опозициска партија нема да поднесеме интерпелација за министри на ДУИ и власта генерално, изјави за МИА Зендели.
Пратеникот на Беса смета дека владејачките партии немаат мнозинство во Парламентот и дека она што се случува во ДУИ со „огнената група“ е внатрешна работа на партијата.
-Немаат мнозинство. Мислам дека власта на некој начин ја префрла вината на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. ДУИ не меша и нас, но во суштина проблемот е во самото мнозинство кое во Собранието нема капацитет и нема бројки односно мнозинство да ги реализира своите политики, рече Зендели.
Во изјавата за МИА тој не сакаше да ја коментира состојбата во ДУИ велејќи дека станува збор за внатрешна работа на ДУИ, како и дека пратениците кои се потписници на барањата на „огнената група“ никаде јавно не кажале дека ќе настапуваат самостојно или дека се против политиките на партијата.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
